Премиерот на Косово Авдулах Хоти, синоќа објави дека е позитивен за коронавирусот.

„Денеска бев тестиран за ковид-19 и резултатите се позитивни. Немам никакви симптоми, освен многу слаба кашлица. Од вечерва, јас сум во двонеделна изолација“, напиша Хоти на својот официјален профил на Фејсбук. Во краткото соопштение тој додаде дека ќе ги извршува своите должности од дома. Во Косово расте бројот на инфицирани и на смртни случаи.

Во последните четири дена имало 953 нови случаи и 53 починати. Во светот има скоро 18 милиони регистрирани случаи на ковид-19 ширум, а скоро 700.000 лица и подлегнаа на оваа болест. Многу од оние што умреле од коронавирусот имале здравствени проблеми и претходно или биле постари лица.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO