Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи утре напладне под посебни протоколи поради коронавирусот во салата под Големата купола наместо во салата „Македонија“. Седницата ќе се одвива според протоколи и критериуми, што се утврдени во претходна координација со претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски, за да се намали ризикот од евентуално ширење на заразата од коронавирусот.

Осврнувајќи се на завршените избори, претседателот Стево Пендаровски во обраќањето од Пелинце порача дека очекува побрзо конституирање на новото Собрание и Влада, која, како што рече, ќе ја нема комоцијата да не и бидат поставувани тешки прашања во првите 100 дена.

Актуелните трендови со вирусот нагласи нема да дозволат целосно враќање на економијата во погон, а економските проблеми, додаде, секогаш носат нестабилност и граѓанско незадовлство. Многу порано пред да ги започнеме преговорите со ЕУ, посочи, ќе мора да почнеме со практична имплемнтација на идните правни реформи и да ја интензивираме борбата против организираниот криинал и високата корупција.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO