Фото: Роjтерс

Над 20 лица се убиени, а 42 повредени во нападите на Исламска држава врз затвор во источен Авганистан, се вели во соопштението на локалните власти објавено изутрината во кое се наведува дека борбата меѓу екстремистите и авганистанските безбедносни сили продолжува.

Нападот врз затворот во Џалалабад, главниот град на провинцијата Нангар, следеше по експлозија на автомобил-бомба. Се стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем. Локалниот огранок на екстремистичката Исламска држава, чие седиште е во Нангар, ја презеде одговорноста за нападот. Во затворот има околу 1.500 затвореници, од кои неколку стотици се членови на Исламската држава.

Нападот се случи еден ден откако авганистанските разузнавачки информации соопштија дека специјалните сили убиле еден од командантите на филијалата на Исламската држава во близина на Џалалабад. Талибанците во петокот најавија тридневен прекин на огнот во Авганистан, поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO