Поранешниот потпретседател и претседателски кандидат на Демократската партиjа на претстоjните избори во САД, Џо Бајден  во изјава за Гласот на Америка ѝго честита празникот Илинден на македонската заедница во САД.

ʺЏил и јас испраќаме честитки до македонско-американската заедница, која што го празнува Илинден и антифашистичката декларација од 1944 година. Овие настани ја поставија основата за суверена, плуралистичка и мултиетничка република, која САД се горди да ја наречат пријател и сојузник, и која е длабоко почитувана членка на евроатлантската заедница“, вели Бајден.

Тој посочи дека Американците со македонско потекло го зацврстиле и збогатиле американското општество.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO