Фото: Роjтерс

Русија денес објави 5.427 нови случаи на коронавирус, со што нивниот вкупен број достигна 850.870, рангирајќи ја земјата на четвртото место во светот, пренесоа Ројтерс и ТАСС.

Според податоци на рускиот оперативен штаб за борба со вирусот, дневниот раст на овој индикатор веќе 12 дена не надминува 0,7 проценти.

Во изминатите 24 часа во Русија 70 лица починале од коронавирусна инфекција и смртните случаи меѓу 145 милионското население стануваат вкупно 14.128, информира штабот.

Во текот на денот оздравеле 3649 пациенти. Вкупниот број на излекуваните од коронавирус во земјата е веќе 650.173.

Делот на опоравените е над 76 проценти од вкупниот број на заразените, покажуваат податоците на оперативниот штаб.

Според пресметките на ТАСС, коефициентот на распространување на вирусот во Русија е 0,98.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO