Бугарското министерство за надворешни работи излезе со изјава по повод 3-годишнината од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

ТАТКОВИНА изjавата jа публикува во целост.

Пред 3 години, Република Бугарија и Република Северна Македонија отворија нова страница во своите односи. Потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август 2017 година ќе остане како едно од најважните настани во совремието на нашиот регион.

Документот ја призна нашата заедничка историја и ги наведе принципите и патиштата за развој на соработката во сите области.

Успехот постигнат пред 3 години го отвори патот за европска интеграција на Република Северна Македонија и нејзино членство во НАТО. Имено европската перспектива е таа што ги обединува сите на Балканот и е основен двигател за реформи, постигнување на стабилност и економски просперитет.

Бугарија продолжува да биде цврсто убедена дека европскиот проект нема да биде завршен без присоединувањето на нашите соседи во регионот. Ја поздравуваме одлуката донесена во март годинава за почеток на преговори за членство со Албанија и Република Северна Македонија. За Бугарија, основен критериум за подготвеноста за приближување кон ЕУ останува поддржувањето на искрени добрососедски односи, заедно со владеењето на правото и фундаменталните права. Веруваме во добрососедските односи како основна европска вредност и во таа смисла целосното и совесно спроведување на Договорот од страна на Република Северна Македонија е клучен услов за понатамошен напредок на земјата на нејзиниот пат на интеграција во ЕУ.

Со потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка на 1 август 2017 година, Република Бугарија и Република Северна Македонија направија важен чекор за воспоставувањето на односите меѓу двете земји на нивно соодветно ниво, како односи меѓу најблиски соседи и пријатели. Тие презедоа ангажман дека ќе работат на зајакнување на економската соработка и инфраструктурната поврзаност, зајакнување на образовните и културните врски, како и на контактите меѓу бизнисот и луѓето од двете страни на границата.

Третата годишнина од потпишувањето на Договорот предоставува можност за анализа на постигнатото и набележување на конкретни чекори за постигнување на поставените во него цели. Несомнено, еден од неговите најважни аспекти е работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Во тој контекст, Бугарија очекува возобновување на дејноста на Комисијата во најскоро време и постигнувањето на реален напредок во нејзината работа врз основа на објективното толкување засновано на автентични и историски извори засновани врз докази.

Денес, пред политичарите од двете земји стои задачата да пројават одговорност и да го потврдат изборот што го направија пред 3 години и да се потпираме на заедничкото минато да ја изградиме нашата заедничка европска и евроатлантска иднина.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO