На денешен ден, пред три години, имавме чест заедно со премиерот на Бугарија Бојко Борисов, да оддадеме почит на илинденците од Крушево и АСНОМ, на светото место пред гробот на Гоце Делчев во Скопје и да го потпишеме Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Покажавме политичка волја за прогрес, за решавање на отворените прашања и направивме историски чекор напред. Создадовме модел со кој го поставивме споделеното минато како темел за подобра иднина и подобар живот на нашите граѓани.

Перспективите на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, а подоцна и Договорот од Преспа со Грција, ни ги донесоа членството во НАТО, отворениот процес за преговори за членство во ЕУ, но и ко-претседавањето на Берлинскиот процес годинава со што за првпат земја која не е членка на ЕУ, зазема лидерска позиција во оваа регионална програма на ЕУ за Западен Балкан.

Овој успех стана инспирација и модел за соработка за регионот и пошироко, а македонскиот народ и сите граѓани на Северна Македонија ги потврдија своите најблиски сојузници на европскиот и прогресивниот пат кон подобра иднина.

Преку овој договор за иднината, се определивме заедно да ја спречуваме злонамерната пропаганда и заедно да бидеме против говорот на омраза и да го поразиме национализмот.

Рамката на иднината на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка ги упатува владите на двете земји да бидат безрезервно посветени на остварување на перспективите за развој и напредок на односите на Република Северна Македонија и Република Бугарија и за добробит на своите народи.

––––––––––––

ФБ статус на Зоран Заев

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO