Две лица загинаа, а близу 40 се повредени во тешка железничка несреќа во Португалија.

Инцидентот се случил во централниот дел на земјата. Брзиот воз се движел на трасата од Лисабон до Брага.

Меѓутоа, во близина на областа Соуре, се појавила машина за одржување на шините.

Во моментот на судирот, во возот имало околу 250 патници. На местото на настанот се испратени брза помош и пожарникари.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO