Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, на фејсбук коментираше дека дел од коњаницата, односно “приврзаниците на Рашела Мизрахи” го нарушувале јавниот ред и мир, правеле нереди, не ги почитувале мерките и морала да реагира полицијата.

ʺДали Рашела Мизрахи со нејзините приврзаници, дел од коњаницата синоќа во Крушево дивееле и стварале немир врз мирољубивото население во Крушево?

И покрај тоа што им беше укажано да останат во своето престојувалиште на ,,Гумења“ моите информации говорат дека после повеќе нарушувања на ЈРМ со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите, реагирала полицијата за што се преземени соодветни мерки против сторителите.

Зарем на овој начин со сквернавење на празникот ги почитувате нашите илинденци и дали на ваков начин им се оддолжувате за нивната борба за слобода?

Дали ќе се оградите и ќе ги демантирате или барем осудите ваквите наводи?

И покрај неколку мои укажувања, предупредувања, повици, сакам уште еднаш да ги повикам граѓаните, особено коњаницата на мирно и достоинствено чествување на празникот ,,Илинден“.

Во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот.

Крушево е град музеј, со богата историја, култура, традиција, не смееме да дозволиме поединци да предизвикуваат и ставаат црни дамки и лоши впечатоци кон оние гости кои не посетуваат во огромен број секоја година.ʺ

 

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO