Фото: Роjтерс

Американски апелационен суд ја поништи смртната пресуда на атентаторот од Бостонскиот маратон Џохар Царнаев. Судот му нареди на понискиот суд да одржи нови рочишта за случајот.

Царнаев беше осуден на смрт во 2015 година за поставување импровизирани експлозивни направи во близина на финишот на маратонот две години претходно. При експлозијата загинаа три лица, а повредени беа 264.

Мажот призна дека го извршил нападот заедно со неговиот помлад брат Тамерлан, кој беше убиен неколку дена подоцна во престрелка со полицијата.

Адвокатите на Џохар Царнаев побараа нов случај со образложение дека судскиот процес не треба да се разгледува во Бостон, бидејќи луѓето таму се трауматизирани од тоа што се случило. Тие, исто така, ја доведоа во прашање неутралноста на двајцата судии.

Апелациониот суд во Масачусетс ги потврди повеќето обвиненија против Царнаев, но побара од окружниот суд да спроведе нов процес за да утврди дали тој треба да биде осуден на смрт. Според судиите, Џохар Царнаев треба да остане во затвор до крајот на животот, а единственото прашање е дали ќе биде екзикутиран.

Во Флорида американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша одлуката на судот како апсурдна.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO