Фото: Роjтерс

Тринаесет лица се повредени кога автомобил се втурна во толпа пред бар во општината Венсен, источна Франција. Ова го соопшти префектурата на одделот Сон-е-Лоар.

„Лекарите прегледаа 16 лица, од кои 12 биле дијагностицирани со полесни повреди, тројца се во состојба на шок. Една млада девојка се здобила со сериозни повреди на ногата, но нејзиниот живот не е во опасност“, се вели во соопштението.

Властите велат дека инцидентот се случил околу полноќ. По кавгата помеѓу неколку посетители во барот, ʺавтомобилот ги удрил луѓето пред ресторанот“. Пристигнатата полиција го привела возачот, кој не бил во трезна состојба .

Претходно, 20-годишниот возач го напуштил ресторанот и заедно со уште три лица бил на пат да си тргне. Кога неколку лица чукнале на капакот на неговиот автомобил, тој нагло тргнал назад и се втурнал во луѓето што стоеле во близина, а потоа, и покрај обидите на сведоците да го спречат да го напушти паркингот, избегал. Полицијата го привела на неколку километри од барот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO