Фармацевтските компании Pfizer Inc. и BioNTech постигнаа договор со јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба за доставување на 120 милиони дози на нивниот кандидат за вакцина против коронавирус, соопштија од двете компании денес.

Испораките на проектната вакцина се планирани за првиот дел од 2021 година, доколку се покаже дека е безбедна и ефикасна по спроведените испитувања и по потребните регулаторни проверки. BioNTech и Pfizer соопштија дека планираат да произведат до 100 милиони дози до крајот на оваа година и 1,3 милијарди дози до крајот на 2021 година.

ʺЧест ни е што работиме со јапонската влада и да ги искористиме нашите научни и производствени ресурси за нашата заедничка цел да обезбедиме милиони дози потенцијална вакцина против ʺКовид-19“ за јапонскиот народ што е можно поскоро“, рече извршниот директор на Pfizer Алберт Бурла.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO