Фото: Роjтерс

Вашингтон ќе распореди најмалку 1.000 војници во Полска и ќе ги предводи силите на источното крило на НАТО, соопшти денеска полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, откако Соединетите држави објавија големо повлекување од Германија, пренесе АФП.

Шефот на Пентагон, Марк Еспер, во средата изјави дека од Германија ќе бидат вратени околу 6.400 воени лица, а околу 5.600 други ќе бидат префрлени во земји од НАТО, вклучително и Италија и Белгија.

ʺОколу 1.000 нови војници ќе бидат распоредени во нашата земја“, рече Блашчак.

ʺЌе имаме американска команда во Полска. Оваа команда ќе ги предводи војниците распоредени на источното крило на НАТО “, додаде тој.

ʺОва ќе биде најважниот центар за копнени сили во нашиот регион“.

Околу 24.000 американски војници остануваат во Германија, одбележува АФП.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO