Поранешниот претседател на Романија Трајан Басеску и поранешен градоначалник на Букурешт ќе се борат повторно за градоначалничко место во романската престолнина на локалните избори на 27-ми септември, соопштува информативниот сајт ʺЗиаре“.

Партијата ʺНародно движењеʺ ќе се јви на локалните избори самостојно, а нејзина ʺлокомотива“ ќе биде основачот на партијата, Трајан Басеску, кој ќе се кандидира за градоначалник на главниот град, изјави извршниот претседател на ʺНародно движењеʺ Еуџен Томак. Според него, учеството на Трајан Басеску на изборите ќе го мобилизира гласачкото тело и можно е партијата да добие најмалку седум проценти од гласовите.

Трајан Басеску во моментов е европратеник. Тој веќе беше градоначалник на романската престолнина еден мандат (2000-2004), по што беше избран за претседател на Романија и ја задржа оваа позиција 10 години (2004-2014). Во 90-тите години, Басеску беше министер за транспорт во неколку влади.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO