Демонстрантите поставија шатори на големиот крстопат и пред зградата на Владата, ветувајќи дека ќе го задржат блокиран центарот на бугарскиот главен град сè додека владата на премиерот Бојко Борисов не даде оставка.

Неколку илјади претежно млади Бугари митингуваат секој ден во Софија од почетокот на јули, обвинувајќи го премиерот Борисов за неуспех во борбата против ендемичната корупција што го еродира владеењето на законот во корист на моќните локални тајкуни.

Демонстрации се одвиваат и во поголемите градови.

61-годишниот Борисов, кој доминира во политичкиот живот на Бугарија во изминатата деценија, изјави дека ќе остане на функцијата до следниот март кога треба да се одржат редовните избори. Борисов ги разреши клучните министри за да покаже дека неговиот кабинет не работи под влијание на приватните интереси, но реконструкцијата не успеа да го намали длабоко вкоренетиот гнев на јавноста со широко распространета корупција во најсиромашната земја на Европската унија.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO