Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе одлуки за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година.

Пред десетина дена, претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, потврди дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со ковид-19.

Одлуката за цената за струјата требаше да биде донесена на крајот на минатиот месец и да важи од 1 август, но поради предвремените парламентарни избори нејзиното носење е одложено за денеска, а цената ќе важи од 1 септември. За парното греење во Скопје се очекуваат пониски цени.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO