Фото: Роjтерс

Републиканците и демократите во американскиот Конгрес го отфрлија предлогот на претседателот Доналд Трамп за можно одлагање на претседателските избори на 3 ноември поради стравувања дека гласањето по пошта ќе резултира со измама и неточни резултати.

Повеќе републиканци, вклучувајќи го и лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич МекКонел, републиканец од Кентаки и врвни членови на партијата во Претставничкиот дом, ја отфрлија идејата. „Никогаш во историјата на земјата, преку војни, депресии и Граѓанска војна, никогаш сме немале не навреме одржани избори и ќе најдеме начин да го сториме тоа повторно и на 3 ноември“, изјави МекКонел.

Демократите, исто така, брзо реагираа, при што Зои Лофгрен, демократ од Калифорнија која го надгледува изборното обезбедување, ја отфрли идејата за одложување. „Под никакви околности нема да размислиме да го сториме тоа за да се прилагодиме на несоодветниот и несреќен одговор на претседателот на пандемијата на коронавирус, или да им дадеме доверба на лагите и дезинформациите што тој ги шири“, рече Лофгрен. Трамп подоцна на брифинг рече дека не сакал одложување, но исто така не сакал да чека со месеци и потоа „да дознае дека гласачките ливчиња исчезнале и изборите не важат”.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO