Екипата на Волфсбург сака да ја засили одбраната во следната сезона, а еден од играчите кои се прати е македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.

28-годишниот десен бек моментално е дел од португалски Спортинг Лисабон и има валиден договор со екипата. Волфсбург поради тоа ќе мора да плати отштета, а се пишува дека клубот е подготвен да плати четири милиони евра за Македонецот.

Токму за таа сума, Ристовски пристигна од Ријека во Лисабон. Десниот бек досега нема играно во Бундеслигата, а претходно настапуваше на „чизмата“ каде ги носеше дресовите на Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари и Латина. Кариерата тој ја почна во редовите на Вардар, каде играше од 2008 до 2010 година.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO