Фото: Роjтерс

Грција од денес воведе задолжително носење заштитни маски на сите затворени општествени места.

Засега специјалните барања за туристите се до 4 август, но според епидемиолозите, тие ќе се приложуваат до крајот на туристичката сезона.

Со казната од 150 евра се казнува од денес за не носење заштитни маски на затворени општествени места.

Задолжителносе патува со маска во јавниот превоз. Во сите продавници, од клиентите се бара да носат маски и да спазуваат дистанца.

Во владините институции и банките се влегува само со маска. Дури и во лифтовите е задолжително да се влегува со покриено лице.

ʺТреба да научиме да живееме на овој начин“, изјави заменик министерот Хардалиас, кој е одговорен за контролирање на ширењето на коронавирусот.

И покрај реакцијата на некои свештеници, кои не дозволија лица со маски да присуствуваат на литургијата, од денес Светиот синод на грчката црква нареди во сите храмови да се влегува само со маски.

Мерките се наложени по анализа на епидемиолошката состојба во земјата. Досега Грција ги задржа стапките на инфекција на ниско ниво, при што во последното деноноќие се регистрирани 52 случаи со коронавирус, но властите стравуваат дека тој ќе се прошири во атинските и солунските области, каде што се повеќето случаи.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO