На сликата не е Универзална сала туку нејзиниот двојник, Софијскиот циркус, изграден во 1962 година кој изгорел во 1983.

Нашата Универзална е изградена од бугарска фирма после земјотресот во Скопје во 1966 година. Ваква уште една имало и во Варшава а архитект на трите зданија е бугаринот Ерослав Станков.

Со овој објект ме врзуваат многу спомени, прво како гледач уште од најраната моја возраст кога ме носеа на проекции на цртани филмови, потоа одев на разни приредби согласно со мојата возраст, потоа на концерти, свечености…

Потоа од публиката се преселив на сцената како актер, водител, пеач, режисер.

Универзална ме чекаше секогаш кога ќе дојдам, дали во публиката или на сцената и секогаш без исклучок сум се чувствувал пријатно во неа. Ги сакам дури и гардеробите во кои тешко е да се свртиш со некој пораскошен костим. А до гардеробите се оди по едни тесни скали кои не можат да се користат за време на некој настан затоа што додека се симнеш од нив, отиде твојот дел. Затоа сите изведувачи за време на некој настан беа напикани во еден „џеп“ од самата сцена во кој имаше столчиња ставени до радиаторите за да можат да се згреат. Фуреше од сите страни. Универзална е стара лименка во која на лето е пекол а во зимо е ледарник.

Салата е правена за повеќе намени но секогаш имала проблем со акустиката. Најпрвин на целата купола однатре беа лепени картонски пакувања за јајца, кои изгледаа многу грдо, додека не ги заменија со сегашните превртени печурки.

Универзална остаре, се изветви, замириса,

на Универзална и заврши животниот век во тој објект, тој е стар и демоде. Но за среќа таа може повторно да оживее.

Универзална треба и мора да добие ново руво и потоа повторно ќе ги собира дотераните и напарфимираните гости кои ќе се гордеат со новото здание.

Да, ја сакам Универзална сала, но сакам да биде нова!

ФБ статус на Драган Спасов Дац 

На сликата не е Универзална сала туку нејзиниот двојник, Софијскиот циркус, изграден во 1962 година кој изгорел во…

Публикувахте от Dragan Spasov Dac в Понеделник, 27 юли 2020 г.

 

 

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO