Северна Македонија е една од петте држави за кои ќе бидат делумно олеснети мерките за влез во Бугарија, соопштија денеска претставници на бугарската влада на брифинг со новинарите.

ʺНа туристите од Молдавија, Израел, Кувајт, Србија и Северна Македонија ќе им биде дозволен влез во нашата држава доколку имаат негативен ПЦР-тест, кој не смее да биде постар од 72 часа“, соопштија бугарските власти.

Оваа одлука, како што информираат, е на барање на туристичкиот сектор.

ʺОва ќе претставува сериозна поддршка за нашите хотелиери, кои имаат мака да ги наполнат своите капацитети“, велат од кабинетот на Борисов.

На брифингот, премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, објави нови социо-економски мерки за помош на засегнатите од кризата предизвикана од пандемијата.

Како директна буџетска поддршка тие ќе издвојат над 1 милијарда евра од кои 800 милиони за социјални мерки и над 300 милиони евра за економијата.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO