Интер се наметна со 3: 0 на гостувањето против Џенова во натпревар од 36-тото коло од италијанскиот шампионат. Нероазурите излегоа на второто место на табелата со актив од 76 бода, четири зад лидерот и шампион Јувентус.

Ромелу Лукаку го отвори резултатот во 34-та минута по еден удар со глава од далечина.

На седум минути пред крајот на регуларното време Интер го дуплираше водството преку Алексис Санчез, кој погоди од близу по центрирањето на Виктор Моузес.

Во продолжението на натпреварот Лукаку го одорми крајниот резултат по брз соло пробив.

Џенова е на 17-то место на табелата со 36 бода.

Сите што сакаат да ја потпомогнат дејноста на новинарскиот сајт ТАТКОВИНА како и отпочнувањето на заедничко онлајн предавање меѓу РС Македонија и Бугарија со тројца докажани новинари од двете држави може да го направат на платформата ХЕЛПКАРМА со кликнување овде
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO