ʺСпоред уставот, претседателот го дава мандатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство од 61 пратеник, но СДСМ на Зоран Заев, макар и на прво место, има само 46 пратеници. Така што, секоја партија во македонскиот парламент ќе треба да прави коалиција “, кажа номинираниот за премиер Насер Зибери во интервју за ʺСлободна зонаʺ на ТВ Европа.

ʺСо кандидат албанец сакаме да им покажеме на нашите граѓани и на светот дека во Република Северна Македонија нема ексклузивни позиции резервирани само за една етничка група“, рече Зибери, кој истакна дека е номиниран од Демократската унија за интеграција, но не и член на партијата.

ʺЗа да бидат исклучени Албанците, сите македонски партии треба да се обединат, затоа што ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ немаат доволен број пратеници за да формираат мнозинство“, коментира тој.

ʺНие претпочитаме да ја продолжиме соработката со сегашниот коалициски партнер, СДСМ, но сега се поставува прашањето владата на Северна Македонија да биде раководена Албанец“, додаде Зибери.

ʺИскрено верувам дека договорот со Бугарија е големо достигнување и има простор да се најде согласност и за оние таканаречени чувствителни прашања. Република Бугарија ќе остане еден од најголемите поддржувачи на европската перспектива на Северна Македонија.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO