
Фото: Роjтерс
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) проучува дополнителни инструменти за обезбедување финансирање на најсиромашните земји во светот и други кои се сериозно погодени од пандемијата со коронавирус, изјави Извршниот директор на ММФ, Кристалина Георгиева, цитирана Ројтерс.
Таа ги повика министрите за финансии и гувернерите на централната банка на земјите од Г20 од да размислат за продолжување на мораториумот на долгот на најсиромашните земји и по крајот на годината и да работат за поголемо учество на приватниот сектор.
Со оглед на сериозноста на кризата и постојните високи долгови, треба да се разгледа посеопфатно олеснување на долговите за многу земји, додаде Георгиева.
Таа учествуваше на виртуелна средба на министрите за финансии и на гувернерите на централната банка на земјите од Г20, со кој претседава Саудиска Арабија и посветена на закрепнувањето на светската економија.
ʺНие треба да се обединиме за да им помогнеме на најсиромашните и најранливите економии, особено на оние кои се борат со големи долгови и зависат од сериозно погодените сектори на економијата“, нагласи таа, цитирана од ТАСС.
