Процентот на вонбрачно новородените деца во ЕУ во 2018 година е 42,0%, што претставува зголемување со 17% во споредба со 2000 година.

Според истата статистика, Бугарија е со највисок процент на вонбрачни деца во ЕУ – 58,5%.

На Балканот, Бугарија ја следат Косово со 38,7%, Србија – 26,8% и Хрватска со 20,7%. По нив следат Северна Македонија со 12,1% и Грција со само 11,1%.

Во 2018 година, во осум земји-членки на ЕУ, повеќето од новородените деца се родени вонбрачно – Франција – скоро 60%, Бугарија – скоро 59%, Словенија – 58%, Португалија – 56%, Шведска – 55%, Данска и Естонија – 54% и Холандија 52%.

Тоа според Евростат, сигнализира за нов тенденција на статусот на семејствата во споредба со потрадиционалниот модел во кој новородените се во брачни заедници.

Бројот на вонбрачни деца расте во скоро сите земји членки на ЕУ во 2018 година во споредба со 2000 година. Исклучоци се Естонија, Латвија и Шведска, каде и понатаму останува релативно стабилен.

Најголем раст на вонбрачни деца има во Португалија и Шпанија, каде во периодот меѓу 2000 и 2018 година порастот е 33,7 процентни поени и 29,6 процентни поени, соодветно.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO