Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на изборите вели дека е време за промена на раководството во партијата.

Во изјава за бугарската агенција „БГНЕС“, Јанчев вели дека ова се четврти избори по ред на кои неговата партија бележи пораз, по локалните, референдумот и претседателските избори, следи и загубата на овие предвремени парламентарни избори.

ʺЈас воопшто не разбирам зошто не го признаваат Договорот за пријателство со Бугарија, како и Преспанскиот договор. Во принцип, ова е лоша политика и лошо раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Мора да има приземјување на лидерството, вклучително и промена“, додаде Јанчев.

Според него, политичката состојба не е поволна како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за СДСМ, бидејќи и двете партии добиле мал број гласови.

ʺКаква и да е победата, СДСМ ги доби гласовите. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300.000. Оваа бројка сама по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство и сплотеност, за секој да може да работи правилно и слободно“, истакна Митко Јанчев.

На прашањето дали ќе се приклучи на промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично одговори: ʺДа, ќе се придружам!“.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO