Фото: Роjтерс

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека заканата на САД со санкции против руските гасоводи во Европа е пример за ʺбруталниот притисок“ што Вашингтон го извршува врз европските земји и компании.

Соединетите држави се обидуваат да ја ʺпринудат“ Европа да добие по повисоки цени и ʺпод понеповолни услови“, истакна тој.

Причината за изјавата е вчерашната одлука на Стејт департментот на САД да ги вклучи ʺТурски тек“ и ʺСеверен тек-2“ меѓу проектите кои спаѓаат под санкциите на законот ʺЗа​​противдејство на на противниците на Америка со помошта на санкции“ (CAATSA).

Дмитриј Песков, исто така, истакна дека во моментов нема цврсти планови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп.

За време на редовеб брифинг, Песков коментираше за написот објавен во средата од весникот  The Times во кој се вели дека двајцата претседатели би можеле да се состанат во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации на 15 септември, нагласувајќи дека таквата средба не е потврдена, бидејќи сè уште нема конечни планови за неа.

Пред неколку дена, Песков истакна дека односите меѓу САД и Русија се „во нивната најниска историска точка“, визирајќи ги проблематичните прашања како што се контролата на нуклеарното оружје и глобалната стабилност.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO