Дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ продолжува денеска во Брисел со средба меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти.

Домаќини на состанокот закажан за 16 часот се шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Вучиќ, Хоти, Борел и Лајчак во неделата одржаа видео состанок, по што најавија дека постигнале договор за клучните елементи на процесот и на агендата на денешната средба.

Вчера, претседателот на Србија рече дека двете главни теми на денешната средба ќе бидат прашањето за исчезнатите и раселени лица и подобрување на економската соработка. Вучиќ досега не се сретнал во живо со Хоти, кој стана косовски премиер на 3 јуни. Дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ е прекинат од ноември 2018 година, кога тогашната влада на Рамуш Харадинај воведе даноци од 100 проценти на увозот на стоки од Србија.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO