Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден, покажува симулацијата на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места.

Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат. Најмногу гласови 324.084 или 36,12 отсто има коалицијата на СДСМ, пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто, ДУИ 101.432 или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива 76.425 или 8,57, Левица 37.057 или 4,16, а ДПА 13.553 или 1,52 отсто.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO