СДСМ со коалицијата ќе прави влада.

Вмро-Дпмне и после 3 години влада на Зоран Заев, ДОБРО Е, фала на прашање.

ДУИ на командантот ..БРИЛИЈАНТЕН

Вкупно ова е перцепцијата на Изборите.

Ленин, Владимир Илич. Најголемиот комунист,левичар и марксист, кога победил, првата кола која ја купил во 1922 година е…РОЛС РОЈС.

Така да глупаво ја отпишувате Левица. Тие сум сигурен дека денес ќе свртат телефон кон СДСМ и пратат абер.

Во парламентот на Грција и Шпанија по 1-2 не гласаја за нас. Не заради тоа што не не сакаат. Не гласаја заради нашите аспирации кон демек клетиот НАТО пакт. Ма и Срби то не воле, ама нивниот генерал штаб е често во посета на централното крило на НАТО во Германија.

Политиката не ја разбирајте круто.ДУИ крадел многу , а Вмро-Дпмне и СДСМ ,поштените.

Сега ДУИ е во ПОЛ позиција.Може круто да му соопшти на Зоран Заев- Нема да биде албанец премиерот, но нема и ти.

Вака ќе почнат и завршат преговорите со ДУИ.

Зоран Заев треба да им испорача список на ликови кои не смеат да бидат во владата, а при тоа да им се закани дека со Вмро-Дпмне и со сите други ќе прави влада.

Првин треба да им соопшти дека ќе добијаат многу малку заради другите партнери во владата.

Второ очигледно би-нацоналноста или ексклузивата на македонците не е на прва позиција во правење на оваа влада.Победник со победник, не важи но СДСМ има морална одговорност , ДУИ да ја земе во влада, макар и со други ликови и макар во скратена верзија.

Сега е можно дури СДСМ да обезбеди парламентарно мнозинство со поддршка на десетина пратеници на Вмро-Дпмне и така игри политички во недоглед.

Овие денови ќе се преговара што јавно што тајно.

Без разочарување молам ова е политика.

Доколку пак мене ме прашате,би направил влада со сите но без Вмро-Дпмне.

И така после сите пењавења и маки со Беса партнер,СДСМ од минатите избори до денес успеа да земи 4 пратеници до 5 повеќе од ова или од она Вмро-Дпмне.

Христијан Мицкоски си заминува од Вмро-Дпмне, скоро. Неговата дестинација е Женева или Лозана во Швајцарија.

Ваков добар резултат на Вмро-Дпмне ќе даде надеж на Груевски да се проба со уште едно демек ново дете.

Зоран Заев многу пати повтори-Правда, Економија, правда економија.

Да ,СДСМ да победи некакви следни Парламентарни Избори треба многу да работи.

Посебно на релоцирање на средства од буџетот.

Тоа е крупна и голема приказна.

До следни избори. Веројатно нема да бидат редовни.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO