Соборниот празник на светите славни и сефални Апостоли, кој Бигорската Обител секогаш го слави со посебно благолепие и почит, оваа година за прв пат го прослави со епископска благодат. Имено, вчера нашиот Старец и Игумен, Епископот Партениј Антаниски, со благослов на нашиот надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј ја отслужи својата прва архијерејска Литургија во храмот на Чесниот Претеча, на кого му го посвети сиот свој досегашен монашки живот.

Апостолскиот благослов што го носи архијерејскиот чин, споен со апостолската благодат од самиот празник, предизвика полнота на духовна убавина и наслада, дотолку повеќе што Старецот Епископ со сето свое срце ги молеше Светите Апостоли да го закрилуваат нашето братство и верниот народ со своите татковски молитви.

„Господи, Господи, погледни од небото и види и посети го ова лозје и утврди го, што го насади Твојата десница“ –  за прв пат, со умиление и солзи, одекнаа овие првосвештенички зборови од устата на Старецот Епископ во Бигорскиот храм, разлевајќи го врз присутните небесното благословение.

Нека Светите Апостоли го укрепуваат со своите молитви нашиот Старец во неговиот свештено-апостолски призив, за општото добро на Телото Христово, кое е Црквата Негова, а на нашиот многу почитуван архипастир и владика, Митрополитот г. Тимотеј, да му даруваат духовни сили и крепко здравје, за уште долги години мудро да го раководи довереното му словесно стадо!

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO