При средината на месец Јули 1907 год, после едно предавство на селанец од селото Никодин во Прилепско и размрдувањето на Српската и Грчката пропаганда, се организира војводски совет во Прилепско-Битолскиот крај, со цел да се разгледа новонастанатата ситуација.

Во планините над селото се собираат околу 400 четници, распоредени на различни врвови, на чело со своите војводи.

Еден од тие врвови е и месноста Ножот, каде што при заминувањето на главниот војвода на војводското советување, е оставена Костурската чета од 54 момчиња, на чело со деветнаесетгодишниот заменик.

Во меѓувреме до турските власти пристигаат информациите за собирот и истите спремаат голема офанзива.

Со наближувањето на Турскиот аскер, на четата стационирана на Ножот и е наредено да се повлече.

Четниците ја одбиваат наредбата, со изјава дека нема да се повлечат и намерата дури и сами да влезат во борба со триилјадниот турски аскер ќе ја исполнат до крај, па макар и сите да загинат до еден.

Во едно трогателно прегрнување и бакнување е земено еднодушно злокобно решение од сите, да влезат во војна, да умрат до еден, но да не му го отстапат врвот на непријателот.

При настапувањето на првите редови од турскиот аскер, куририте едвај успеваат да се извлечат и пренесувајќи им ја одлуката на останатите војводи и четници, гледаат со вџашеност како нивните другари остануваат опколени.

Сите патчиња до тој осамен врв се затворени и нема никаква можност да им се помогне.

Останатите чети почнуваат битки на повеќе врвови, со цел да им се овозможи на „Ножовците“ да отстапат, но тие си остануваат на височинката.

Уште со пукнувањето на зората на 14-ти Јули, турските обрачи го обиколуваат од сите страни Ножот. Започнува жесток бој. Непријателските обрачи се стегаат од минута во минута. Во пеколното свирење на куршумите многумина паѓаат мртви, многумина се ранети, но борбата продолжува и понатаму.

Меѓу невидениот оган на непријателот, едни фрлаат бомби, други ги кршат пушките, а трети ја горат муницијата. Се слушаат последните борбени песни… Околу пладне, запукуваат по ред седум бомби, врз кои се легнати сите преживеани четници и среде татнежот парчиња од раце, нозе и коски летаат на сите страни од Ножот.

Гледајќи ја трагедијата што се одигрува пред нивните очи, турските војници остануваат вџашени од идеализмот и себежртвувањето на грстот борци.

По мртовечката тишина на Ножот, командантот на турските одреди Енвер бег, оди на местото на трагедијата: „Никој не смее да ги допре и да ги осквернави овие херои. Гледате ли како умираат комитите, презирајќи ја смртта ?“

По негова заповед три илјади турски бајонети се дигаат нагоре, оддавајќи почест, истрелувајќи три плотуни во воздух со извици: „Алах, Алах, Алах !“

Тишината на Ножот останува вечен паметник на младоста, а крвта пролеана по падините на височинката: семе на храброста, посеана за идните генерации да научат од неа како се печали слободата.

Слава им !

––––––––-

ФБ-статус на Александар Кавазов

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO