Бугарија и Хрватска сè уште имаат работа да ги стабилизираат своите економии и да ги подобрат своите институции пред да се присоединат кон еврото, коментира членот на бордот на Европската централна банка, Фабио Панета.

Реформите преземени од двете земји нема да ги поправат сите дисбаланси и слабости со кои се соочуваат, а потребен е и поголем напредок за подобрување на управувањето, нивната правна рамка и целокупниот квалитет на институциите, дополнува Панета цитиран од Ројтерс.

Потпретседателот на Европската комисија Валдис Домбровскис изјави: „Она што е важно сега е додека е во ERM II Бугарија треба да ги исполни критериумите од Мастрихт поврзани со буџетскиот дефицит и долгот. Во однос на фискалните критериуми, земјата веќе постигнала напредок, но треба да бида исполнети критериумите за инфлација и, на долг рок, критериумите поврзани со каматите.

Бугарија исто така треба да ги исполни законските критериуми, а особено независноста на централната банка треба да биде целосно во согласност со барањата на еврозоната. Во секој случај, земјата треба да биде во чекалната на еврозоната најмалку две години пред да започне проценката за исполнување на критериумите од Мастрихт “, истакна Домбровскис.

Ве потсетуваме дека двете држави беа примени во петокот во механизмот ERM-2,`чекалната за влез во Еврозоната и можат да се приклучат на монетарната унија во 2023 година.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO