Фото: Роjтерс

Актуелниот претседател на Полска Анджеј Дуда победи со мала предност на претседателските избори, покажуваат резултатите од излезните анкети.

Според излезните анкети, Дуда, сојузник на конзервативната влада, добива 51%, додека неговиот соперник, градоначалникот на Варшава, Рафал Тшасковски, добива 49%.

Гласањето се смета како битка за иднината на земјата, како и за заладените односи со Европската унија.

Официјалните резултати се очекуваат денес.

Анджеј Дуда им се заблагодари на сите што гласаа за него веднаш по објавувањето на излезната анкета.

Според него, излезноста е скоро 70%, што доколку се потврди, ќе биде рекордно висока активност за претседателски избори во земјата.

Тшасковски изјави пред своите приврзаници дека во полската историја, резултатите веројатно никогаш не биле толку блиски.

Победата на Анджеј Дуда е предвесник на спорни промени во правосудниот систем и продолжително спротивставување на абортусот и правата на хомосексуалците.

Рафал Тшасковски поддржа попрогресивна програма и поактивна улога во Европската унија.

Според неговите зборови, полските гласачи никогаш нема да имаат друга шанса да го променат правецот на земјата.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO