Фото: Роjтерс

Петта последователна ноќ се спроведоа антивладини протести. За разлика од претходните вечери, овој пат демонстрациите во неколку градови во земјата поминаа без насилство и судири со полицијата.

Во 20 часот, плоштадот пред Собранието во Белград започна да се исполнува со луѓе од различни групи и со различни барања. Некои од демонстрантите запалија свеќи во спомен на Џо багеристот, кој почина вчера.

Тој е еден од симболите на протестите во октомври 2000 година, кога беше соборен Слободан Милошевиќ, а тогаш тој го втурна својот багер во зградата на српската државна телевизија.

Протести се спроведоа во град Крушевац, Ниш, Чачак, Нови Сад и Лесковац. Овој пат полициското присуство не беше толку засилено и немаше судири.

ʺНе сме тука да рушиме или да се тепаме со полицијата. Тука сме да се бориме против репресиите на владата и против претседателот-тиран. „Има луѓе кои провоцираат насилство, фрлаат камења кон полицијата и тие почнуваат да нè тепаат брутално“, кажа демонстрант.

130 се повредените полицајци откако започнаа протестите во вторникот вечерта. Властите не даваат податоци колку демонстранти се повредени.

Незадоволството избувна откако претседателот Александар Вучиќ најави враќање на полицискиот час во борбата против коронавирусот.

Вучиќ ја отповика мерката, но демонстрациите не престанаа. Денес српскиот претседател ќе учествува на видеоконференциски разговори со косовскиот премиер Авдалах Хоти, со посредство на Европската унија.

Ова е прва средба на високо рамниште од 2018 година и ќе биде проследена со физичка средба во четврток во Брисел.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO