Иако е последен ден пред изборниот молк, на „Јутуб“ осамнаа нови снимки, на кои овојпат, повторно се слуша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој според еден од насловите, имал тајна средба со осумте независни пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги исклучи од партијата.

Во првиот објавен разговор, Мицкоски зборува за активности и набројува дека третата е најважна, а тоа е законот за јавно обвинителство. Во снимката се слуша како тој објаснува дека на нелегален начин предметите од СЈО префрлаат во надлежност на ЈО, иако тоа беше решение за да не пропаднат постапките кои се водат пред судот.

„Понатаму третата активност којашто е не помалку важна, можеби најважна, е Законот за ЈО. На комплетно нелегален начин ги префрлија предмет таму каде што ги префрлија и тоа за нив беше силно доволно за да продолжат политичките притисоци, уцени, закани, за политички неистомисленици. И они немаат желба понатаму да има решение по закон, иако фингираат преговори пред меѓународна заедница и пред нас и така натаму“, вели Мицкоски.

Во снимката насловена како „Лицемерие на Мицко“, се слуша како лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека барал од општинските комитети да не ги напаѓаат осумте пратеници.

„Јас во изминатиот период како претседател на ВМРО-ДПМНЕ неколку пати ја поминав Македонија вклучувајќи ги и претседателските избори, ниту еднаш не ми ја спомнаа…, а во општинските комитети секаде без исклучок, претпоставувам Ви пренесуваат барав да не бидте напаќани“, вели Мицкоски, по што се слушаат пратениците кои коментираат. за потоа, Мицкоски да продолжи:„ Епа ете, јас ви го кажувам тоа…мора да веувате во тоа што ви е пренесено…“

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO