Триесет години ве манипулираат со истите трикови. Продолжува кражбата, а вие сте се посиромашни и се позависни и пак ги гласате!? А малку да подразмислите, а? Животот бргу протекува, монотонијата ве уништува и време е за вистински промени. Не чекајте политичарите да го сторат тоа, Вие сменете ги политичарите! Ако ги оставите истите на позиција, ќе ви снема воздух за дишење. Тие се како жабуњак. Го цицат кислородот од мирната вода и животинскиот род под површината е осуден на смрт. И вам ли сакате да ви се случи истото?

Не!?

Тогаш, разбранувајте ја површината, за да дојдете до кислород.

Сменете ги политичарите за да отворите нови перспективи!

Животот е пред вас и е ВАШ. Вие одлучувате за него. Не дозволувајте да ве тегнат за нос. Не сте животни. Одлучете сами за себе. Бидете свои на своето. Македонија е мајка на сите нас, без разлика на вера, раса или нација!

Македонија на Македонците!

А не на една шепа бандити!

#заокружи10
#НормалнаДржава
#ПоследнаШанса
#СлободаСпокојСолидарност
#Македонсккислород

–––––––––––

ФБ статус на Лазар Младенов-претседател на Бугарски Културен Клуб-Скопjе (БККС)

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO