Фото: Роjтерс

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го определи решението за храмот ʺСв. Софија“ во Истанбул да се претвори во џамија дека ʺпредизвикува сожалување“. Борел потсетува дека станува збор за здание со силно симболично, историско и универзално значење. ʺКако еден од основачите на Сојузот на цивилизациите, Турција се анхажира за поттикнување на дијалогот меѓу религиите и културите и зајакнување на толеранцијата и соживотот“, потсети Високиот претставник.

Американскиот Стејт департмент изрази разочарување од решението на турската влада за промена на статусот на црквата во Истанбул, пренесе Ројтерс. ʺНаучивме дека турската влада ја запазува својата заложба за обезбедување пристап до ʺСв. Софија“ за сите посетители и очекуваме со нетрпение да ги слушнеме нивните планови за понатамошното стопанисување со ʺСв. Софијаʺ, така што да биде гарантиран непречен пристап до него за секој“, изјаву портпаролот на Стејт департментот, Морган Ортегас.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека го осудува решението на Турција ʺна возможно најкатегоричниот начин“. „Тоа е решение што е навреда за сите оние што го признаваат споменикот и за објект од светско културно наследство. И, се разбира, тоа ги засега не само односите меѓу Турција и Грција, туку и на нејзините (на Турција) односи со Европската унија“. се вели во писмената изјава на кабинетот на Мицотакис.

Властите во Кипар исто така категорично го осудија решението на Турција за промена на статусот на храмот ʺСв Софијаʺ во Истанбул. Прв позицијата на Никозија за ова прашање ја изрази синоќа на Твитер министерот за надворешни работи на островската држава Никос Христодулидис, јави ТАСС.

УНЕСКО изразува силно жалење за решението на турските власти за промена на статусот на ʺСв. Софијаʺ во Истанбул, која е вклучена во списокот на светското наследство.

Според генералниот директор на организацијата, Одре Азуле, решението е донесено без претходен дијалог. Азуле синоќа изрази длабока загриженост пред амбасадорот на Турција во УНЕСКО.

Организацијата ги повикува турските власти да започнат дијалог без одложување за да се избегне отстапување од универзалната вредност на ʺтоа исклучително наследство“. Тие посочуваат дека Комитетот за светското наследство ќе го разгледа зачувувањето на споменикот на следната сесија.

Француската влада „жали“ за решенијата на турските власти за трансформирање на поранешната базилика во џамија, се вели во соопштението францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан.

Овие решенија го преразгледуваат еден од најсимболичните акти на современа и секуларна Турција, се вели во соопштението.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO