Фото: Роjтерс

Група гневни млади луѓе влегоа повторно во судри со полицијата пред српскиот парламент синоќа, но исто така нападнаа и новинари и фотографи, пренесе ДПА. До пореден инцидент во српската престолнина се стигна откако група млади мажи кои скандираа патриотски извици, ги избутаа демонстрантите, кои се против насилството, ги соборија металните огради и влегоа низ незаштитениот главен влез во зградата на парламентот.

Внатре распоредената полиција ги избутка надвор и формираше кордон пред влезот на зградата. Напаѓачите потоа цел час и половина ги напаѓаа полицајците со шишиња, факели и камења, а полицијата употреби солзавец.

Синоќешното избувнување на насилство во српската престолнина беше трето во вкупно четири вечери на протести предизвикано од најавената намера на претседателот Александар Вучиќ да наметне полициски час за целиот викенд поради влошената состојба со Ковид-19.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO