Фото: Роjтерс

Специјализираната комисија во Хаг има право да го сослуша претседателот на Косово, Хашим Тачи, но постои можност тој да биде сослушан од обвинителството, доколку судијата за подготвителната постапка не го потврди обвинението, изјави денеска приштинскиот адвокат Том Гаши.

Тој го изјави ова за ʺКосово онлајн“ по објавата на Тачи дека ќе патува во Хаг во понеделник и додаде дека очекува Специјалното обвинителство во Хаг да го испраша Тачи како осомничен.

Гаши додаде дека, доколку се потврди обвинението, притворот не е задолжителен за обвинетиот и осомничените, освен ако судијата тоа не го побара.

ʺВо таа ситуација, само судијата одлучува, а не обвинителството. Мислам дека нема причина за Тачи и Весели да се бара притвор, освен ако немаат докази дека наводно се обиделе да влијаат врз сведоците или на нешто друго што е ризично за нив“, рече Гаши.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO