Според четирите снимки поставени на јутјуб, средбата, на која присуствува и ексдиректорот на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов, се случила девет дена пред последните парламентарни избори во 2016 година

Четири видео-снимки што упатуваат на средба пред изборите во 2016 година на „несудениот“ технички министер за внатрешни работи и актуелен кандидат за пратеник Драган Ковачки со поранешниот контраразузнавач Горан Грујевски, кој сега е бегалец во Грција, како и Зоран Иванов, ексдиректор на Агенцијата за разузнавање, се објавени вечерва на Јутјуб на канал насловен „МВРО АРМ“

На снимките може да се забележат две возила што пристигнуваат во кругот на Министерството за одбрана, каде е сместенo и военото разузнавање, чиј шеф во тој момент е армискиот полковник Драган Ковачки.

Од возилата излегуваат три лица, кои потоа влегуваат во просториите на военото разузнавање. Третото лице, најверојатно, е возач на Грујевски, со оглед на прашањето што се поставува под снимките: „Што стави во багажник возачот на Грујевски по средбата со Ковачки?“

На третата снимка се гледа како тројцата посетители на Ковачки излегуваат од една од канцелариите со уште еден и го напуштаат објектот. Прв излегува возачот.

Во последната снимка, возачот става нешто во багажникот од возилото и сите заминуваат од кругот на Министерството за одбрана.

Според датумот кој е наведен на снимките кои најверојатно се направени со безбедносни камери, средбата се случила на 2 декември 2016 година, односно девет дена пред последните парламентарни избори во 2016 година или две недели откако СЈО отвори истрага за случајот со масовното нелегално прислушување „Таргет“ (подоцно споен со „Тврдина“), во кој еден од осомничените беше Горан Грујевски, екс началник на петтата управа во УБК.

Тој, заедно со Никола Бошкоски, избега во Грција, чие судство одби да ги екстрадира. Бошкоски се најде и на листатат на организатори на насилствата во Собранието на 27 април 2017 година. Сепак, тој и експремиерот Никола Груевски засега се изземени од судењето, затоа што не се достапни за правдата во земјава.

Ковачки, пак, се најде во фокусот на јавноста кога ВМРО-ДПМНЕ, пред крајот на минатата година, го предложи за министер за внатрешни работи во техничката влада. Сепак, тој не беше прифатливо решение за СДСМ, поради тоа што како армиски старешина не го задоволуваше уставниот критериум според кој министрите за внатрешни работи и за одбрана треба да бидат цивилни лица најмалку три години пред изборот на функцијата. Поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ како алтернатива го предложи актуелниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Ковачки во март годинава беше кандидиран за пратеник на листата на опозициската коалиција во третата изборна единица.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO