Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2 000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи можат да се пријават за мониторинг на изборите. Досега се акредитирани вкупно 2 148 набљудувачи, од кои 2 018 домашни и 130 странски. Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 905, на АКСИОС 2017 – 797, Цивил – Центар за слобода ќе има 278 и Националниот ромски центар – Куманово 38.

Меѓу акредитираните меѓународни набљудувачи, според информациите објавени на веб страницата на ДИК, 47 се од ОБСЕ/ОДИХР, Амбасадата на САД ќе има 40, ИФЕС четворица, Француската амбасада 13, Амбасадата на Унгарија 10, на Албанија 4, на Австрија и на Швајцарија по 3, на Бугарија и на Црна Гора по 2 и амбасадите на Холандија и на Канада по еден набљудувач. За известување од изборите досега се акредитирани и десеттина странски новинари.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO