Фото: Роjтерс

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе разговара денеска во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон.

Претходно Макрон во Париз имаше средба и со косовскиот премиер Авдулах Хоти. Вучиќ при вонредното обраќање до јавноста изјави дека земјата ја очекува „тешко лето и есен“ по прашањето на Косово. Тој исто така најави дека в петок ќе имал виртуелен самит со германската канцеларка Ангела Меркел, пред продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина в недела во Брисел.

Разговорите во Брисел меѓу Вучиќ и Хоти, според очекувањата, „ќе го означи продолжувањето на дијалогот меѓу двете држави, со посредство на Европската унија“. Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина започна во 2011 година и беше суспендиран на крајот на 2018 година, поради данокот што го наметнаа косовските власти врз српската стока. Мерката подоцна беше заменета со реципроцитет, но косовската влада, предводена од Авдулах Хоти, го укина реципроцитетот два дена по преземањето на функцијата за да обезбеди шанса да продолжи дијалогот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO