Фото: Роjтерс

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги презентираше приоритетите на претседателството на нејзината земја со ЕУ во наредните шест месеци, споменувајќи ги само преговорите со Северна Македонија и Албанија во однос на проширувањето, јави дописничката на МИА од Брисел.

Западниот Балкан, Африка, борбата против дезинформациите, миграцијата, Русија и Кина, се главните приоритети за Германија во делот на надворешната политика за наредните шест месеци.

ʺПристапните конференции со Северна Македонија и Албанија треба да се одржат оваа година и да се отворат првите поглавјаʺ, рече Ангела Меркел попладнево пред европратениците.

За Меркел отворањето на преговорите со Скопје и Тирана претставуваат важен сигнал за заложбата на ЕУ кон интеграцијата на Западниот Балкан.

Доколку двете земји го одржат досегашното реформско темпо, првите поглавја од преговорите би можеле да бидат отворени во ноември или декември. Германското претседателство планира оваа тема да биде на дневен ред на Советот на ЕУ во ноември. До тогаш Европската комисија треба исто така да ги објави редовните извештаи за реформскиот напредок во сите земји од регионот.

Европската комисија минатата недела до Советот на ЕУ ги поднесе и нацрт преговарачките рамки на Унијата за Северна Македонија и Албанија.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO