Радожда, природата тука го направила своето, затоа Радожда има епитет “Кралицата на брегот на Охридското езеро”. Радожда е позната по седумте цркви кои се наоѓаат тука од кои најпозната е пештерската црква посветена на Архангел Михаил од 13 век, кои се цел на грабежи за кои нема позитивен исход од истрагите, исто така тука има и остатоци од римската магистрала Виa Игнација, напиша на својот ФБ профил носителот на листа од „Македонски концепт“ за ИЕ 5, Стево Насковски. Тој во својата објава уште додаде:

Радожда е мојот втор дом, Радождани се мирни, чесни и благородни луѓе кои го сакаат своето село. Радождани како и сите други граѓани на Република Македонија се соочуваат со проблеми како што е невработеноста, иселување на младите..но нај голем проблем кој ги мачи Радождани е тоа што тука не поминува Колекторскиот систем за отпадни води за кој генерации донирале средства и им било одбивaно преку сaмопридонес, а немањето на истиот придонесува Радожда да нема канализација во 21век и квалитетот на водата во езерото да биде во лоша состојба.

Поради ова во комуникација со експертите кои се дел од Македонски концепт прашав како може да се реши овој повеќе децениски проблем, за што ми беше кажано дека географската поставеност на Радожда барала скапа инвестиција за колекторот од Елен Камен да дојде до Радожда што претставува неколку километарска траса која чинела милиони евра и дека биле лажени луѓето од сите досегашни власти дека некогаш ќе добијат колектор.

Решение за овој проблем е изградба на пет до шест прочистителни станици кои ќе имаат капацитет за третирање на отпадните води чија што инвестиција чини од 200.000 до 300.000 евра. Тоа е почитувани Радождани толку ефтино чини решавањето на проблемот, но не сте биле во списокот на интерес кај сите досегашни Влади иако имавте функционери и партиски активисти и никој не мрда со прст за вас. Толку не вредите за нив нажалост. Толку пари имаат поминато кај мојот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ како што чувме од медиумите за организирање ујдурми, можеби толку чини и јахтата на мојата противкандидатка од СДСМ како што дознаваме исто така од медиумите пред некоја година. Се обврзувам како ваш пратеник во идниот состав на собранието да го решиме овој проблем при што ќе добиете нормален живот како што заслужувате и дополнително за одржување на прочистителните станици ќе се вработат и локални жители.

Со истиот проблем се соочува и с.Трпејца каде исто така се обврзуваме ние од Македонски концепт да го решиме проблемот. Доста Ве лажеа и ги давате гласовите залудно де нa едните и другите, јас сум вашиот сосед, роднина, брат, на 15 Јули сите ќе дадете поддршка за бр.10 Стево Насковски и Македонски концепт и заедно ќе ја вратиме нормалноста во овој крај и во Македонија, објави Насковски.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO