Фото: Роjтерс

Канцеларката Ангела Меркел изјави денес, дека Европската унија треба да се обедини за да се справи со историските предизвици, кои произлегуваат од кризата со коронавирус и промените што ја загрозуваат економската состојба на блокот, пренесе Блумберг.

Во Брисел, откако Германија го презеде шестмесечното ротирачко претседателство на ЕУ на почетокот од овој месец, Меркел повика за солидарност и единство за справување со пандемијата, како и со ризиците, породени од климатските промени и преминувањето кон дигиталните технологии.

ʺНие се соочуваме со непозната ситуација на економски колапс и тревога за работните места и за тоа ни е потребен правилниот одговор“, рече таа пред пленарната сесија на Европскиот парламент во Брисел.

ʺПарите што ги сакаме за реконструкција, нема да бидат инвестирани само, за да стигнеме до таму каде што веќе бевме, туку и да направиме чекор во иднината“, рече Меркел.

Таа истакна дека Германија е решена да им помогне на своите европски партнери да ја надминат кризата со коронавирус и очекува „добра соработка“ со нив.

Нејзините коментари доаѓаат во време кога 27-те земји-членки на ЕУ продолжуваат повторно да расправаат околу предложениот од ЕК фонд за обнова во висина од 750 милијарди евра, кој да биде финансиран од заеднички заеми. Амбициозниот план, за кој ќе се дискутира на самитот на 17 и 18 јули, среќава отпор од неколку ʺштедливи“ земји-членки, пренесува Блумберг.

Меркел изјави дека ЕУ треба да се подготви за Брекзит без договор.

Германија ќе продолжи да настојува да се потпише нов договор за партнерство со Велика Британија до крајот на годината, но Европската унија треба да се подготви за остар прекин на билатералните врски до 2021 година, предупреди Ангела Меркел.

ʺНапредокот во преговорите досега е тенок, кажано дипломатски“, рече Меркел пред Европскиот парламент.

ʺНие се договоривме со Обединетото Кралство да го забрзаме темпото на разговорите … Ќе продолжам да настојувам за добро решение, но треба да се подготвиме и за можноста за сценарио без договор (Брекзит без договор).“

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO