Македонски концепт на овие избори се залага за влез во Парламентот на Македонија и поддршка на Влада со силен економски тим кој примарно ќе биде насочен на економијата во земјата.

Логото на Македонски концепт е сложувалката. Тоа ја симболизира ситуацијата во државата. Што значи дека ги имаме сите елементи за солиден развој и живот, но тие не се соодветно наместени, што севкупно упатува на лоша организација и управување со државава

Македонски концепт се залага за нормална држава во која граѓаните ќе имаат слобода, правда, спокој и солидарност. Во економијата нудиме конзистентна развојна стратегија. Таа утврдува вистински структурни промени во економијата и општество базирано на знаење, чесност и посветеност, со затворање на сите транзициски опашки и неправди, до општество на богати и горди граѓани кои рамноправно ќе се носат со европјаните. Не лицитираме со конкретни ветувања за раст на плати, пензии, субвенции, инвестиции, вработеност.

Нашата економска програма содржи одржливи економски  политики на краток и среден рок кои треба значајно да ја динамизираат економијата (со годишни стапки на економски раст од 7-8%) и благосостојбата на населението (од сиромаштија кон среден сталеж и намалување на нееднаквоста). Кон оваа цел нужна е:

  • стабилизација на државата од политичките превирања и неизвесности (која треба да овозможи предвидливост и планирање на инвестициите и деловните потфати);
  • слобода за бизнисот и рушење на сите бариери за деловните активности, намалување/укинување на бројни парафискални давачки за компаниите;
  • јасна развојна стратегија за искористување на сите домашни компаративни предности и расположливи ресурси на рационален начин со поддршка на земјоделството, туризмот, информатиката и услугите како создавачи на доходот;
  • спроведување на темелни реформи во државата со вклучување на сето врвно знаење.
  • Реформите треба да донесат мала и ефикасна државна администрација и силен приватен сектор.
  • Силна поддршка на микро, малите и средните компании (финансиска, техничка, даночни ослободувања во првите три години од основањето на компаниите, евтини кредити, менторства и сл.) и особено за стар-апи и спин-офи;
  • Ние предлагаме целосна либерализација и дерегулација на економијата и финансискиот пазар, кој е скап и нефункционален (изобилува со вишоци на средства, а истовремено сите субјекти во државата – стопанството, државата и населението се соочуваат со постојана неликвидност, односно кусок на средства, особено на краток рок);
  • намалување на сивата/црната економија, корупцијата и сл., и
  • силна поддршка за претприемништвото, во приватниот, јавниот и социјалниот сектор;
  • еднаков третман на домашните со странските компании;
  • за рамномерен регионален развој и силен локален економски развој, со вистинска децентрализација;
  • за реформа на образованието и наука во функција на стопанството (управување со целокупното знаење и интелектуален капитал како силни лостови на раст);
  • Ревитализација на здравството и
  • Силна еколошка политика.

На краток рок предлагаме:

  • намалување на давачките на потрошувачка (на ДДВ за 3% и 2% на акцизите на горивата) и
  • соодветна помош за најбројните и најпогодените микро, мали и средни претпријатија од здравствената криза и несоодветните економски политики, како и неактивното население;
  • воведување придонес од 1% на вкупните остварени месечни приходи на компаниите за општествена одговорност, како дополнителен извор за помош на компаниите погодени од пандемијата до крајот на годината. Со тек на време ова би било иницијелен извор за финансирање на одржливите цели на развојот на Македонија, кои се насочени кон искоренување на сиромаштијата и нееднаквоста.

Доколку ја споделувате оваа наша визија и цели ве повикуваме Вие и вашите вработени да ни дадете поддршка на претстојните предвремени парламентарни избори, гласајќи за бројот 10.

Во секој случај остануваме партнер на стопанството и спремни сме низ процес на взаемна соработка и консултации да изградиме и спроведеме најсоодветни економски политики за силна Македонија и богати граѓани.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO