Светската здравствена организација објави дека има докази за ширење на коронавирусот преку воздух. Претходно, во понеделникот група светски научници предупредија на таа можност, соопшти РСЕ.

„Не треба да ја исклучуваме можноста за пренесување на вирусот преку воздух на јавни места, особено каде што има многу луѓе. Ние сè уште треба да ги собереме и да ги разгледаме доказите“, рече претставничката на СЗО Бенедета Алегранци, препорачувајќи проветрување на затворените места и одржување физичко растојание. „Кога тоа не е можно, тогаш препорачуваме да носите заштитна маска“, додаде таа.

Меѓународна група од 239 научници во понеделникот ги повика СЗО и другите официјални претставници да потврдат дека вирусот корона може да се шири во воздухот и над два метра и соодветно да ги променат упатствата за превенција. Од своја страна, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус предупреди дека епидемијата продолжува да се шири и сè уште не го достигнала својот врв.

„Иако се чини дека бројот на починати се стабилизира на глобално ниво, некои земји постигнаа голем напредок во намалувањето на бројот, додека во други земји бројот продолжува да расте“, рече Гебејезус, додавајќи дека 11,4 милиони луѓе ширум светот се заразени и оти повеќе од 535,000 луѓе починале за шест месеци.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO