Пишува: Перо Дејкоски, кандидат на листа на пратеници од Македонски концепт за ИЕ 5.

Интересна е кампањава за овие “летни”избори.Топло време,светла ѕвездена вечер и луѓе, изморени од неколку месечното ограничено движење, гладни за муабет. Сега молчат костените. Средба со десетина пријатели во најубавиот период од годината во Дримкол, регионот кој што со задоволство го посетувам. После првото ладно пиво разговорот, измешан со мирисот на костените,се лизга нагоре. За здравјето се зборува тивко, гласот и кикотењето се засилува кога се отвораат женските теми, а кога се начна темата за политиката и изборите чуствуваш како полека пука летната ноќ и планината Јабланица.

Јас молчам и ги слушам.

А бе кушери. Што да ти кажа за кампањава? Што да ти кажа за овие г’насотилаци и дебативе по телевизјава? Ове ме враштат на времето ко ќе се грабнее жените да се карет на бразда.Тва не беше карање уметност беше.

Ко ќе почнее која порва требит да вадит и која имат поголемо право на водата. Па ко ќе продолжее која била поспособна и поспастрена, па после со: Едната ти мори магарице една што се транчиш со комшјана, другата ти мори смордена една што ни можот не ти се пулит,за да заворшет со кревање на мотиките и кубење коси. Таквите дуели траеја саат-саатипол исто колку што траат денешниве дебатни емисии.

Почитувани жители на Охридско-струшкиот регион и територијата на целата изборна единица 5, текстов е одраз на поранешните случувања од минатото во помалите населени места низ нашата држава компариран со предизборнава кампања која сеуште е во тек. Затоа ви се обраќам Вам за да се потсетиме на сите гнасотилаци со кои се изнаслушавме изминатиов период од 4-5 години од двете “поголеми” страни. Првиве беа олицетворение на Бошко Буха и кожни ташни а вториве се занимаваа со ендеци и да не е многу 5%. Всушност, после одредена анализа на секој од нас му доаѓа едно те исто.

Затоа на 15-ти јули лесно е сите ние да изброиме барем до 10.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO