
Фото: Роjтерс
Отворањето на Таџ Махал за туристи вчера беше одложено поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот во областа околу познатиот споменик во Индија. Коронавирусот вчера во оваа земја беше потврден кај 24.850 новозаразени, што е најголемиот дневен пораст од почетокот на пандемијата во земјата.
Во истиот период починаа повеќе од 600 луѓе.
Агра, градот во кој се наоѓа Таџ Махал, сè уште е најсериозно погоден град од коронавирус во најнаселената сојузна држава Утар Прадеш. Властите во државата одлучија да го одложат отворањето на Таџ Махал и другите споменици.
„Отворањето на овие споменици може да го забрза ширењето на Ковид-19“, се вели во соопштението на локалната општина.
Во Индија досега има околу 700 000 заразени и околу 20 000 починати од Ковид-19.
